Дома Фудбал Англија Бербатов: Се надевам дека Јунајтед нема да заврши како Ливерпул

Бербатов: Се надевам дека Јунајтед нема да заврши како Ливерпул

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов се надева дека „црвените ѓаволи“ нема да чекаат титула во Премиер лигата долго како Ливерпул.

Ливерпул во овој момент е лидер на табелата со седум бода во исто толку одиграни натпревари, додека Јунајтед во овој момент е 10-ти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Тешко ми е да го гледам Јунајтед толку далеку од Сити и Ливерпул. Во играта се гледа колкава е разликата. Сепак се надевам деја Јунајтед нема да заврши како Ливерпул и да чека титула три децении. И овие шест изгледаат како премногу долго време“.

„Јасно е дека Ливерпул сега игра подобро, но им требаше толку долго време за да дојат во оваа позиција. Јунајтед мора да ја пронајде победничката формула што побрзо“, изјави Бербатов.

Последната титула во Премиер лигата Манчестер Јунајтед ја освои во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед започна со подготовки со две нови засилувања

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се појавија на клупската база за да започнат со летни по…