Селекторот на репрезентацијата до 21 година Благоја Милевски ги избра 25-те играчи на кои ќе смета за двата натпревари од квалификациите против Црна Гора и Казакстан.
На овие средби Милевски ќе оди со проверени сили. Единствен нов фудбалер во однос на тимот кој славеше победа од 7:1 против Фарски Острово е Марко Ѓорѓиевски од Вождовац.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младинската селекција на 10-ти октомври ќе игра на домашен терен против Црна Гора, додека пет дена подоцна ќе играме натпревар против Казакстан на гостински терен.