Дома Фудбал Останато Рибери после одличниот настап против Милан: Стар сум, но се чуствувам младо!

Рибери после одличниот настап против Милан: Стар сум, но се чуствувам младо!

Фудбалерите на Фиорентина вчера на „Сан Сиро“ го победија Милан со 3:1.

„Виолетовите“ ги надиграа „росонерите“, а во листата на стрелци се запиша и Франк Рибери кој во 78-та минута со одличен потег исфрли двајца играчи на Милан, а потоа погоди за 3:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После натпреварот 36 годишниот Французин беше добро расположен и во изјавата порача дека е стар ама дека на теренот се чуствува младо.

„Среќен сум. Кога играта на „Сан Сиро“ секогаш е посебно. Тоа е огромна арена, толку многу навивачи. Во овој момент малку е тешко за навивачите, на Милан, но ние пруживме добра игра и тоа е важно за нас. Да, стар сум, но на теренот се чуствувам младо! Фудбалот е мој живот, го сакам. Бев гладен за победи кога дојдов во Фиорентина и ме возбудува кога гледам дека екипата работи добро“.

„Дојдов да и помогнам на Фиорентина, играчите и навивачите. Морам да работам секој ден за секоја недела да играм онака како што играв вечерва“, изјави Рибери.


 [WU1]ла

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Падна договор: Ливерпул го избра наследникот на Клоп

Ливерпул ги заврши преговорите со тренерот на Феенорд, Арне Слот. Тој ќе ја преземе клупат…