Бразилската супер ѕвезда Нејмар зборуваше за неговиот однос со навивачите на ПСЖ.
Навивачите на ПСЖ не му простуваат на Нејмар што во текот на летото правеше се за да го напушти клубот. Сепак, на стартот од сезоната во Лига 1 Нејмар игра одлично и клучен играч во победите на клубот од Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Нејамр му е јасно дека на некои навивачи им е тешко, но тој е професионалец и игра најдобро што може за ПСЖ.
„Јасно ми е дека на некои навивачи им е тешко, но јас сум фудбалер на ПСЖ. Немам некоја посебна порака за навивачите со таков став. Јас се навикнав да ми свират во текот на целата кариера. Во продолжение од сезоната ќе играм како секој натпревар да сум на гостински терен. Тоа е навистина штета затоа што јас немам ништо против навивачи“.
„Тоа е како со жените – понекогаш ќе се скарате и некое време нема да зборувате“, објасни бразилскиот фудбалер.
Нејмар стана најскапиот фудбалер во светот кога летото 2017 година од Барселона премина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
PSG's last three wins in Ligue 1:
— Squawka Football (@Squawka) September 28, 2019
1-0 vs. Strasbourg
⚽️ Neymar
1-0 vs. Lyon
⚽️ Neymar
1-0 vs. Bordeaux
⚽️ Neymar
N̶J̶R̶1̶0̶ NJR1-0 pic.twitter.com/gXpLKbZQl8