Maнчестер Сити вчера на „Гудисон Парк“ со 3:1 го совлада Евертон и така продолжи да го „брка“ Ливерпул кој е лидер.
Габриел Хесус, Марез и Стерлинг ја обезбедија новата победа за тимот на Пеп Гвардиола, а Сити е толку ефикасен што сруши рекорд стар 126 години.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
На седум натпревари Сити постигна 27 голови, скоро четири по натпревар и така изедначи несекојдневен рекорд во Англија.
Последен тим кој имаше таков голгетерски учинок после седум натпревари во Премиер лигата беше Евертон во сезоната 1984/1985.
Секако, просекот на Сити на големо го поправи Вотфорд против кој Сити постигна осум гола.