Дома Фудбал Англија Бербатов: Сега никој не се плаши од Манчестер Јунајтед, а порано сите ги полнеа гаќите

Бербатов: Сега никој не се плаши од Манчестер Јунајтед, а порано сите ги полнеа гаќите

Славниот бугарски фудбалер Димитар Бербатов во едно интервју за англиските медиуми ги коментираше случувањата во Манчестер Јунајтед.

До пред неколку години Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон доминираше со англискиот фудбал, а Бербатов беше дел од тимот токму во тоа време.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот истакна дека тогаш сите се плашеле од „црвените ѓаволи“, нешто што не е случај во моментов.

„Во моментов ниту една екипа не се плаши од Манчестер Јунајтед. Тоа е логично, кога ќе ја погледнат табелата, ќе видат каде се наоѓа Јунајтед и сфаќаат дека имаат шанса да си освојат бодови на Олд Трафорд“, коментира Бербатов.

„Во средата го гледав нивниот меч со Рочдејл во Лига купот. Фудбалерите на Рочдејл играа храбро, слободно, како да не гостуваа на легендарниот Олд Трафорд. Порано не беше така. Порано противниците ги полнеа гаќите уште во тунелот, пред да излезат на теренот“, додава поранешниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…