Дома Топ вести Јапонската ѕвезда му се нуди на Јунајтед, па доби понуда од Вардар

Јапонската ѕвезда му се нуди на Јунајтед, па доби понуда од Вардар

Манчестер Јунајтед има голема мака со повредени играчи, па Солскјер има големи кадровски проблеми оваа сезона.

Сега, на клубот им се понуди еден играч кој долго време се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд“.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Станува збор за Кеисуке Хонда кој додека играше во ЦСКА Москва се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед. Јапонецот во моментов е слободен агент и на невообичаен начин, преку Твитер се понуди да се му приклучи на Манчестер Јунајтед.

„Дајте ми понуда. Не ми требаат пари туку сакам да играм за најголемиот тим и со најдобриот соиграч“, напиша Хонда.

Последен клуб на 33 годишниот Кеисуке Хонда беше австралискиот Мелбурн Виктори каде играше значајна улога па токму затоа се уште верува дека може да им помогне на „црвените ѓаволи“.

После ваквиот потег на Хонда многу клубови ширум светот му испратија понуда, меѓу кои и најтрофејниот македонски клуб Вардар.

„Ти си повеќе од добредојден во Вардар, најдобриот тим во светот, со најдобрите соиграчи!“, му порачаа од Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нов ВАР циркус на Копа Америка: Се цртаа погрешни линии, Бразил не доби чист пенал 🎥

Изминатата вечер со натпреварот помеѓу Бразил и Колумбија заврши групната фаза на Копа Аме…