Дома Фудбал Останато Ница ќе го раскине договорот со талентот кој украде часовник од 70.000 евра!

Ница ќе го раскине договорот со талентот кој украде часовник од 70.000 евра!

Раководството на францускиот прволигаш Ница планира да го раскине договорот со напаѓачот Мохамед Диаби, објави „Екип“.

Диаби беше обвинет дека украл скап часовник на соиграчот Каспер Долберг, кој чинел 70.000 евра. Вредниот примерок на часовник исчезнал од соблекувалната во понеделник за време на на тренинг.

18-годишниот Диаби призна дека тој го украл часовникот, се извини и вети дека ќе ја надомести штетата.

Тој од 13-годишна возраст беше дел од клубот. Оваа сезона нема настап, а во текот на кариерата има седум настапи за првиот тим на Ница.

Откако се потврди дека тој го извршил делото, сега Ница е спремна да го раскина договорот, иако станува збор за еден од најголемите таленти на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА воведува посебно правило за дебитантите во Лигата на шампионите, еден детал ќе вреди милиони!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) склучи нов, долгогодишен договор со компанијата Fan…