Дисциплинската комисија на УЕФА му изрече „драконска“ казна на поранешниот македонски репрезентативец и член на тетовска Шкендија, Агим Ибраими.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
УЕФА го суспендира Ибраими на 15 месеци, односно тој доби временска суспензија од УЕФА до 31 декември следната 2020 година.
Суспензијата на Ибраими му е изречена за инцидентот кој го направи на реванш натпреварот од 2-то квалификациско коло за Лигата на шампионите, на дуелот против Дуделанж во Луксембург.
Ибраими следното лето нема да може да настапи во квалификациите за ЛШ и ЛЕ и евентуално во групната фаза доколку се пласира клубот каде што ќе настапува.
На Ибраими му останува да се надева дека по жалбата која ја има како право во рок од три дена, дисциплинците на УЕФА ќе се „смилуваат“ и дека ќе му ја ублажат казната, но тоа е малку веројатно.