Градските ривали Милан и Интер денес ги претставија двата финални проекти за нов стадион, кој треба наскоро да започне да се гради.
Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов во 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот стадион ќе биде со капацитет од околу 65.000 места,а двата клуба потврдија дека целиот проект ќе ги чини 1,2 милијарди евра. Притоа ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.
Денес беа претставени двата финални проекти: Првиот е на компанијата „Популос“, кој е инспириран од катедралата „Дуомо“ и ќе наликува на симболот на градот.
? Il nuovo stadio di Milano sarà bellissimo: ecco i due progetti
— LMR ?⚫7? ?⚫La Milano Rossonera ®️ ?⚫7? ?⚫ (@la_rossonera) September 26, 2019
Eccoli ??
Gli attesi progetti per la nuova casa del calcio di Milano sono stati presentati, resi pubblici, nel corso della presentazione avvenuta oggi al Politecnico.
Nuovo stadio di #Milano: progetto #Populous pic.twitter.com/ii8x9FUIcG
Вториот проект е на архитектонското студио „Маника“, кој ќе има елипсовидна форма и футуристички изглед. Притоа на надворешната страна ќе има место за 70.000 фотографии од Милан и Интер кои ќе светат, ќе даваат специфичен изглед и ќе се менуваат со тек на време.
Nuovo stadio di #Milano: progetto #Manica pic.twitter.com/1CEjPDQrvr
— LMR ?⚫7? ?⚫La Milano Rossonera ®️ ?⚫7? ?⚫ (@la_rossonera) September 26, 2019