Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Кабиб Нурмагомедов ја откри локацијата на својата наредна борба.
После фантастичната претстава и победа против Дастин Пориер во Абу Даби, Кабиб сега има само една желба – борба во Русија.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Дагестанецот во интервју за руските медиуми истакна дека борба во Русија е неговата најголема желба.
„Во преговори сум со УФЦ. Би сакал да се борам во Русија и 80% сум сигурен дека мојот следен меч ќе биде овде“, изјави Кабиб.
Наредниот противник најверојатно ќе биде Тони Фергусон, а Кабиб против него посакува борба на стадион.
„Во Санкт Петерсбург постои покриен стадион и за разлика од Москва таму би можеле да се бориме. Тој стадион собира 75.000 гледачи и се помалку од тоа не би имало смисла“, порача Кабиб.