Македонскиот бисер Елиф Елмас доби огромно признание.
Веќе е познато дека Елмас е помеѓу најпреспективните фудбалери во Европа, ако некој се сомневаше во тоа сега стигна и потврда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Елмас се најде на листата од 40 фудбалери кои ќе конкурираат за наградата „Златно момче“.
Доволно е само да се погледне какви имиња ќе се борат за оваа награда и станува јасно дека ова е и тоа како престижна награда: Винисус Жуниор, Џанлуиџи Донарума, Жоао Феликс, Николо Заниоло, Каи Хаверц, Санчо…
Минатата година оваа награда ја доби Матијас Де Лихт.