Женската ракометна репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките за новиот циклус квалификации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Утре ќе играат против Шведска во рамките на квалификациите за ЕП 2020 година, а во сабота во Скопје ја пречекуваат репрезентацијата на Чешка.
РФМ најави дека влезот за средбата ќе биде слободен, а тоа е одличен мотив да ја наполниме салата и да им дадеме поддршка на нашите ракометарки.
„Ракометната федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската женска селекција во сабота (28.09.2019) во СЦ „Борис Трајковски” во Скопје, ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Чешка. Да дадеме поддршка на нашата репрезентација, натпреварот почнува од 18:00 часот, влез слободен“, стои во соопштението.