Само ден после победата над Порто во Лигата на шампиони, македонскиот шампион Вардар се припрема за дуел со Нексе во СЕХА лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради тоа тренерот Писонеро на пресконференцијата соопшти дека поради густиот распоред на овој меч шанса ќе добијат младите фудбалери.
„Имаме тежок распоред и затоа треба да играат сите ракометари. Вардар е навикнат на ваквиот распоред, а најголем проблем е тоа што на теренот ги немаме Стоилов и Толедо за да имаме поголема ротација. Вчера имавме тежок натпревар против Порто и мислам дека не очекува исто така силен натпревар и против Нексе. За нас победата е најважна и е приоритет“.
„Сакам овој пат за разлика од вчерашниот меч кој беше исцрпувачки да играат повеќе ракометари. На вакви средби и помладите можат да добијат шанса. Сакам да ги пробам и сите пивоти, но и сите ракометари на другите позиции. Се надевам дека сите ќе имаат можност, но тоа ќе зависи од текот на натпреварот и од резултатот“, истакна Писонеро.
„Нексе можеби има два порази на стартот на сезоната, но тие не се наивен противник. Ние очекуваме голем предизвик и добар меч, зашто противникот ќе биде мотивиран и ќе бара победа по лошиот старт на сезоната“, изјави Дибиров.