Дома Фудбал Колекцијата на Крауч: Посебно е импресиониран од дресовите на еден клуб

Колекцијата на Крауч: Посебно е импресиониран од дресовите на еден клуб

Питер Крауч можеби не е во групата на најдобри напаѓачи во својата генерација, но поради начинот на игра е омилен меѓу љубителите на фудбалот.

Со оглед дека во текот на кариерата играше против скоро сите европски великани и најсилните светски селекции не чуди фактот што поранешниот член на Ливерпул има толкава колекција на дресови.

Легендата на англискиот фудбал е посебно импресиониран од дресовите на еден клуб со кој во текот на кариерата немаше додирна точка.

Како дете Крауч бил на финалето во ЛШ 1992. година и од тогаш ги собира дресовите на Сампдорија која во тој натпревар беше поразена од Барселона.

„Мој идол беше Виаљи, но тука се уште и Манчини, Ломбардо, Пјетро Верховод“ – се присети поранешниот член на англиските премиерлигаши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…