На трета трка во низа Чарл Леклер од Монако се избори за пол позиција, овој пат ќе ја има на Големата Награда на Сингапур.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Возачот на Ферари ја помина патеката за 1:36.217. Зад него останаа Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес, тимскиот колега на Леклер, Себастијан Фетел, а на четвртата позиција заврши Макс Верстапен од Ред Бул.
Во вкупниот поредок Хамилтон води со 284 бодови пред Ботас со 221 и Верстапен со 185.