Дома Фудбал Останато Мисијата исполнета: Пронајдена жената која го хранела Роналдо

Мисијата исполнета: Пронајдена жената која го хранела Роналдо

Кристиано Роналдо пред неколку дена откри дека ги бара жените кои работеле во „Мек Доналдс“ и му давале него и на соиграчите бесплатна храна во Лисабон.

Роналдо ги замоли следбениците на социјалните мрежи да му помогнат, а мисијата делумно успеа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, се јави госпоѓа со име Паула Лека, која на почетокот на 2000 година работела во споменатиот „Мек Доналдс“ и истакна дека прво ќе му се заблагодари на Роналдо што се сетил на неа, а потоа ќе разговараат за минатото време.

„Прва работа која ќе му ја кажам ќе биде благодарам, а потоа ќе разговараме и ќе се присетиме на минатите времиња“, изјави Паула, која откри дека Роналдо бил најплашлив од сите деца.

„Ќе се појавеа пред ресторанот и кога ќе останеа неколку хамбургери, нашиот менаџер не пушташе да им ги дадеме. Еден од нив беше и Кристиано Роналдо, кој беше најплашлив. Децата доаѓаа скоро секоја вечер“, раскажува Паула.

„И понатаму се смеам поради сето тоа. Му кажав на синот, кој прво не ми веруваше бидејќи му беше тешко да поверува дека неговата мајка му давала хамбургери на Роналдо“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…