Maсимо Морати беше на чело на Интер долги години, но потоа се одлучи да го продаде клубот на Ерик Тохир од Индонезија, додека со „нероаѕурите“ раководи семејството Жанг од Кина.
Фудбалот за некои стана голем бизнис и можност за голема заработка, па така Жанг призна дека пред да го купи Интер фудбал не ни гледал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ваквата изјава на Жанг е доказ дека дел од сопствениците во клубовите влегуваат со мотив да остварат некоја заработка.
Жанг оваа изјава ја даде на Универзитетот во Бочони каде што присуствуваше заедно со сопственикот на нивниот голем ривал Јувентус, Андреа Ањели.
„Ние пред да го купиме Интер работевме со компанија за малопродажба и дотогаш јас фудбал немав гледано“, си признал отворено Жанг, потоа тој зборувал за финансискиот фер-плеј.
„Долго време разговаравме само за тој финансиски фер-плеј кој беше голем проблем за нас. Не зборувавме за играчи, комерцијални прашања или нешто друго. Долго време ми требаше да го разберам како функционира“, порача Жанг.
Интер добро ја започна и во новата сезона во Серија А има максимален учинок од три одиграни и три победи, додека во Лигата на шампионите одигра само 1:1 против Славија Прага.