Тетовскиот прволигаш Шкендија денеска на својот официјален сајт потврди дека Томас Брдариќ повеќе не е менаџер на клубот.
Германскиот стратег заминува откако не успеа да ја добие битката за шампионската титула против Вардар. Брдариќ повеќе ја влоши ситуацијата отколку што ја подобри. Имено, пред да пристигне на кормилото на Шкендија, Тетовци имаа само четири бода негатива, додека сега таа негатива изнесува тринаесет бода.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До крајот на сезоната Шкендија ќе биде предводена од досегашниот асистент на Томас Брдариќ, Ерхан Селими.
Шкендија се наоѓа на второто место на табелата во првенството со вкупно 62 освоени бода. Но, она што ги охрабрува навивачите на Шкендија е тоа што на 17. мај ќе го одиграат финалето во Купот на Македонија против Пелистер.