УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор се спрема за враќање на борбите.
Ирецот на Твитер неодамна објави датум за кој се претпоставува дека ќе се врати на борбите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа медиумите сега откриваат дека Мекгрегор нема да се врати во ММА меч, туку во боксерска пресметка против боксерит Лук Келер.
Конор и Келер започнале преговори за борба на 14-ти декември, а наскоро би требало да стане јасно дали овие двајца ќе се борат на датумот кој го објави Конор (14-ти декември).
Dublin, December 14th.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) September 16, 2019
Келер претходно објави дека имал жесток судир со Мекгрегор преку телефон и дека се договориле за борба.
Ќе потсетиме, Мекгрегор веќе зад себе има еден бокс меч. Во спектакуларна борба во 2016 година беше поразен од легендарниот Флојд Мејведер.
Во тој меч Ирецот покажа завидно ниво на бокс, но едноставно беше премногу слаб за еден од најдобрите боксери на сите времиња. Сепак, против Келер сигурно има повеќе шанси. Овој боксер е сопственик на ВБО титулата шампион на Европа, а во кариерата има скор од 17 победи и два порази.