Дома Фудбал Лига на шампиони Неверојатно проклетство го следи Суарез во Лигата на шампионите од 2015 година

Неверојатно проклетство го следи Суарез во Лигата на шампионите од 2015 година

Неверојатно проклетство го следи Луис Суарез.

Без сомневање Уругваецот е голем голгетер. Беше тоа и во Ајакс и во Ливерпул и сега во Барселона. Бројката од 179 голови на 250 официјални натпревари јасно ги покажува квалитетите на Суарез, но изгледа како некој да го проколнал кога станува збор за гостувањата во најелитното европско натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Засклучно со вчерашниот натпревар против Борусија Дортмунд, „Ел Пистолеро“ не ја погодил мрежата надвор од „Ноу Камп“ во натпреварите од ЛШ точно четири години и еден еден. За тоа време на теренот поминал скоро 30 часа. По прецизно 1.777 минути, а ниту еднаш не го пронашол патот до мрежата.

Во таа низао дигра дури 19 натпревари. Противници му беа: БАТЕ Борисов, Арсенал, Атлетико Мадрид, Борусија Менхенгладбах, Манчестер Сити, Селтик, ПСЖ, Јувентус (два пати), Спортинг, Олимпијакос, Челзи, Рома, Тотенхем, Интер, Лион, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Борусија Дортмунд.

Последен пат Суарез на едно гостување постигна гол во септември 2015 година на „Олимпико“ против Рома. И од тогаш како да се претворил во „дух“ на гостувањата. Следна шанса да ја прекине оваа црна низа Суарез ќе има на 23-ти декември кога со Барселона ќе гостува во Чешка кај Славија Прага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…