Дома Фудбал Лига на шампиони Меси ќе добие шанса во второто полувреме во Дортмунд

Меси ќе добие шанса во второто полувреме во Дортмунд

Капитенот на Барселона, Лионел Меси вечерва од клупата за резерви ќе го започне мечот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси се повреди на 5-ти август и од тогаш се рехабилитира од повредата, па оваа сезона се уште нема запишано ниту еден настап.

Откако во изминатите два дена тренираше со остатокот од тимот, тренерот Валверде реши да го повика за дуелот со Борусија Дортмунд, но нема да го стави во стартниот состав.

Шпанските медиуми утрово објавија дека составот на Барселона е веќе познат и дека промени можат да се случат само ако Валверде направи некое изненадување.

Доколку се биде како што треба, се очекува Меси да влезе во второто полувреме и да одигра половина час.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Додека навивачите на Барса го очекуваат Родри и Алварез, Деко договара уште едно одлично засилување

Барселона работи полна пареа на трансферите на Родри и Хулијан Алварез, но Деко и неговите…