Дома Фудбал Италија Болоња го има борбениот дух на Миха: Губеа со 3:1 и на крајот победија!

Болоња го има борбениот дух на Миха: Губеа со 3:1 и на крајот победија!

Супер интересен натпревар денес од 15:00 часот одиграа Болоња и Бреша.

Фудбалерите на Болоња изрежија одличен подвиг на гостувањето во Бреша на „Ригамонти“ во третото кол оод Серија А. Болоња губеше со 3:1 после првото полувреме за потоа да победи со 3:4!.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Како борбениот дух Синиша Михајловиќ кој во овој натпревар не беше на клупата да го пренесе на неговите играчи. Заиграа како во транс откако Бреша остана без исклучениот Десена во 48-та минута (симулирање). Фудбалерите на Болоња одиграа неверојатно ефикасно второ полувреме и со головите на ветеранот Родриго Паласио, Поли и најдобариот на овој натпревар Орсолини стигнаа до голем триумф.

Болоња има одличен стат на сезоната и без пораз во првите три кола со учинок од две победи и едно реми.

Во претходното коло исто така во драматичен натпревар против СПАЛ овој тим дојде до победа со гол во 93-тата минута.

Треба да се спомене дека Марио Балотели кој ова лето пристигна во Бреша не беше во комбинација за настап.

Во останатите два натпревари, Каљари со 1:3 беше подобар од Парма, додека СПАЛ на свој терен запиша победа против Лацио од 2.1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лукаку: Плачев седум дена после промашувањето против Хрватска

Ромелу Лукаку призна дека паднал во депресија по испаѓањето на Белгија од Светското првенс…