Дома Фудбал Италија Конте по победата на Интер испрати провокација до Сари и Јувентус

Конте по победата на Интер испрати провокација до Сари и Јувентус

Интер вчера на домашен терен стигна до минимална победа против Удинезе од 1:0.

„Нероаѕурите“ со овој триумф останаа со максимален учинок во новата сезона после три одиграни кола. За разлика од Интер првиот кикс го направи Јувентус. Јувентус одигра 0:0 на гостувањето против Фиорентина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така Интер се искачи на лидерската позиција и со тоа беше прекината една голема низа на Јувентус кој дури 560 денови беше првопласиран тим во најсилната конкуренција во Италија.

После натпреварот тренерот Маурицио Сари го „обвини“ топлото време, односно високата температура.

Интер играше во вечерниот тим, а после триумфот Антонио Конте ја испрати првата провокација до тренерот на неговиот поранешен клуб, Јувентус.

Конте беше запрашан за таа изјава на Сари (обвинувањето на топлото време), одговорот беше мала провокација за Сари.

„Не сакам сега да зборувам за тоа затоа што ако го направам тоа ќе морам да зборувам за буџетите на клубовите и брачните состојба. Некој треба да биде мирен и спокоен“, изјави Конте.

Ова е прв пат од пристигнувањето на Конте во Интер да испрати отворена провокација до таборот на тимот каде што претходно беше и играч и тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…