Португалскиот стратег Жозе Мурињо планира наскоро да се врати на тренерската работа. „Специјалниот“ е без ангажман од декември 2018 година, кога доби отказ од „Олд Трафорд“.
Мурињо ова лето доби неколку понуди кои не ги задоволија неговите афинитети, па моментално работи како стручен коментатор на „Скај Спорт“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Уморен сум од одморот. Ова е прв пат да живеам во навивачки стил, сега знам како им е кога е крајниот рок за трансфери. Барам клуб за себе, ги разгледувам опциите, ќе видиме“, истакна Мурињо.
„Кога водите репрезентација, има премалку натпревари. Јас не сум навикнат на тоа. Би сакал еден ден да стигнам до финалето на Светското првенство или на Европското првенство како тренер на националниот тим“, додаде Португалецот,