Дома Фудбал Делириум на Турк Телеком арената во Истанбул: Фалкаоооооо

Делириум на Турк Телеком арената во Истанбул: Фалкаоооооо

Радамел Фалкао вечерва го игра својот деби натпревар во дресот на Галатасарај.

Искусниот коломбијски напаѓач ова лето потпиша за Галата и веќе на првиот натпревар се запиша во листата на стрелци.

Се играше 38. минута од натпреварот помеѓу Галатасарај и Касимпаша кога Фалкао ја затресе мрежата на гостите за делириум од трибините на Турк Телеком арената во Истанбул.

Поранешниот напаѓач на Монако во Истанбул на аеродромот го пречекаа 20.000 навивачи на Галата и веднаш стана еден од идолите на навивачите на овој турски великан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…