Дома Останати Авто Мото За ситуацијата на Шумахер зборуваше познат неврохирург: Какви се неговите шанси?

За ситуацијата на Шумахер зборуваше познат неврохирург: Какви се неговите шанси?

Легендата на германскиот и светскиот спорт Михаел Шумахер овие денови е во Париз каде што се лекува со матични ќелии.

Шумахер престојува во болницата во Париз и неговата состојба како и до сега се држи во строга тајност. Тој во болницата бил внесен под лажно име.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По некоја информација знаеше да се појави. Сега контактиран беше познатиот неврохирург, Дарко Чуди. Тој е познат по тоа што вградува микро чип во мозокот на пациентите кои се во кома и на тој начин ги буди.

Тој не се слушнал со некој од семејството на Шумахер, но разговарал со менаџерката на возачот.

„Немаше директен контакт со семејството, но се слушнав со неговата менаџерка. Слушнаа за мојата работа и тоа не е некоја тајна, тие методи ги претставив пред неколку години во Њујорк, за нив знае целиот свет. На крајот не отидов да го видам Шумахер, не знам точно во каква состојба, се што знам слушнав од медиумите. Навистина не сакам да погодувам, знам само дека се одлучија за некоја друга опција“, изјави Хрватот, а потоа ги прогнозираше шансите на Шуми.

„Шансите после шест години поминати во вегетативна состојба се минимални. Требаше нешто да се направи во првата година по несреќата, вака е…Тешко“, смета тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…