Репрезентацијата на Македонија до 21 година денес на одличен начин ги отвори квалификациите за Европското првенство во 2021 година.
Нашите млади репрезентативци имаа фаворитска улога против Фарски Острови и истата ја оправадаа со убедлива победа од 7:1 која воедоно е и најголемата во историјата на селекцијата до 21 година вп едни квалификации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од самиот старт започнавме да создаваме шанси, но изненадувачки гостите први стигнаа до предност со гол од пенал во 19-тата минута.
Митровски кој денес постигна хет-трик изедначи во 26-тата минута и тогаш започна нашата голеада. Чурлинов шест минути подоцна стрелаше за водство, за во финишот од првиот дел Митровски одново да погоди за 3:1.
Ердон Даци на истекот на еден час игра го постигна четвртиот гол, петтиот беше дело на дефанзивецот Есмин Личина само три минута подоцна.
До крајот уште по еден постигнаа Чурлниов и Митровски за конечни 7:1.