Дома Трансфер зона Кавани го шокираше ПСЖ: Сакам да се вратам во Италија!

Кавани го шокираше ПСЖ: Сакам да се вратам во Италија!

Одличниот напаѓач на ПСЖ, Едисон Кавани изјави дека постои можност еден ден да се врати во Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кавани за Наполитанците настапуваше во периодот од 2010 до 2013 година и во 127 натпревари постигна 95 гола, па направи трансфер во ПСЖ.

Иако неодамна го продолжи договорот со парискиот клуб, Уругваецот е свесен дека во фудбалот никогаш не се знае што носи иднината.

„Сега сум во ПСЖ, а што ќе се случи потоа не знам. Кога би бирал, можеби би избрал да се вратам во Наполи, а потоа и во Уругвај. Не сакам да се вратам во поранешен клуб кога веќе ќе бидам премногу стар, но враќањето во Наполи не е невозможно“, изјави 30-годишниот напаѓач.

Кавани оваа сезона на 47 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ постигна исто толку голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…