Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешам неколку години наназад веројатно го има најдобриот избор на играчи кога во прашање се репрезентациите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Она што во овој момент го има Дешам на располагање изгледа навистина неверојатно. Дешам на секоја позиција има барем пет одлични играчи и Дешам сигурно е на слатки маки кога треба да избере некои од нив.
На голманската позиција прв избор е Уго Лорис, но покрај него Дешам ги има уште Ареола, Манданда, Лафонт…
На стоперската позиција има и тоа како супер избор, а само двајца можат да го започнат натпреварот. Помеѓу првите кандидати се Лапорт, Варан, Умтити, Зума, Ленгле, Кимпамбе…На бековските позиции конкурираа: Ернандез, Диње, Менди, Курзава, Павар, Сидибе…
Најголемата конкуренција Французите веројатно ја имаат во средниот ред и нападот. Погба и Канте се најголемите ѕвезди во средината, но тука се играчи како Толисо, Матуиди, Сисоко и Рабио кои заслужуваат да играат во првиот состаб.
Офанзивниот дел е резервиран за првите ѕвезди Мбапе и Гризман, освен нив Дешам може да смета на: Коман, Лемар, Марсијал, Лаказет, Дембеле, Фекир, Паје...Ќе потсетиме Карим Бензема поради не фудбалски причини веќе неколку години е надвор од репрезентацијата.
