Дома Фудбал Италија Познати платите на играчите во Серија А – Јувентус и Роналдо без конкуренција!

Познати платите на играчите во Серија А – Јувентус и Роналдо без конкуренција!

Додека чекаме да продолжи италијанското првенство, еве како се платите на играчите во Серија А.

Многумина веруваат дека структурата е показател дека Јувентус нема конкуренција, имено Роналдо прима 31 милион и тој убедливо е најплатен, додека засилувањето Де Лихт е втор со 8 милиони, плус 4 бонуси, неговата плата постепено ќе расте. Игуаин и понатаму е на 7.5, блиску е Диабала, Рабио кој пристинга како слободен играч има 7 (плсу два бонуси), на колку што е и Ремзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следува Пјаниќ со 6.5, Манџукиќ и Кедира со по 6, како и Џан кој има 5 милиони, Јуве сака да се ослободи за да ги намали трошоците. Двата голмани имаат најмалку, Пинсољо 300,000, а Буфон се врати и има 1,5 милиони евра по сезона. Поради тоа трошоците на Јувентус се преголеми, со продажбата на Диабала, Манџукиќ, Кедира и Џан, би се ослободиле од околу 25 милиони евра.

Најплатениот играч на Интер е Лукаку со 7.5 милиони, плус 1,5 милиони бонуси, инаку тој е единствениот фудбалер кој би бил меѓу топ 5, а да не е фудбалер од Јувентус. Годин има пет милиони, Санчез исто така 5, колку што плаќа Интер, останатото до 12 мора да го надополни Јунајтед. Останатите се значително со помали примања, Де Фрај помалку од 4 милиони, Хандановиќ нешто помалку од 3, а еден од најдобрите стопери, Шкриниар без понуди прима околу 3 милиони.

Милан јасно ги намали платите, нивниот најплатен играч е Донарума со 6, Ромањоли има 3,5 колклу и Биља, Сусо и Ребиќ, како и резервниот голман Рејна кои примаат по 3, интересно дека Пјонтек и Пакета заработуваат помалку од 2 милиони.

Во Наполи, Кулибали има 6, Инсиње има 4.6, новиот стоепр Манолас 4.3, Мертенс и Лозано по 4, Каљехон 3, Максимовиќ има нешто повеќе од 2 милиони.

Во Рома, Џеко кој остана заработува 4,5, Пасторе кој е во втор план милион помалку, колку што и Михтаријан, Смолинг е на 3 милиони, Коларов на 2, а имаше и подобра понуда од Турција, па следната година би можело да се пресели на Босфор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ ја покажа класата на тренингот пред натпреварот против Баерн 🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот ќе го играат првиот натпревар од осминаф…