Дома Фудбал Англија Видиќ тврди дека еден од најдобрите напаѓачи на денешницата е роден стопер

Видиќ тврди дека еден од најдобрите напаѓачи на денешницата е роден стопер

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ зборуваше за тоа против кои играчи му било најтешко да игра, а еден од нив е и Серхио Агуеро.

Српскиот фудбалер помина осум години на „Олд Трафорд“ запиша 300 настапи за Манчестер Јунајтед и помеѓу останатите играше и против Серхио Агуеро во дербито против Манчестер Сити и истакна дека Аргентинецот има единствени вештини.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Агуеро изгледа како фудбалот на теренот да не го интересира. Тој не изгледа како некој кој ќе претрча 10 метри и тогаш – бум прави спринт. Убеден сум дека Агуеро е роден како стопер. Знае каде топката ќе дојде и каде треба да нападне. Но, во шеснаесетникот има ниско тежиште и тоа му помага брзо да ја промени насоката, посебно тоа му користи против големите англиски стопери“.

„Шутира брзо, може да влезе и во дриблинг…Играв против него кога не водеше Дејвид Мојс, тие победија со 4:1. Тоа беше еден од моите најлоши натпревари за Јунајтед“, изјави Видиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави првиот фаворит за наследник на Милевски!

Македонската фудбалска репрезентација доживеа дебакл од Велс, а по овој пораз во јавноста …