Дома Фудбал Majсторијата на Гризман е потег на викендот (ВИДЕО)

Majсторијата на Гризман е потег на викендот (ВИДЕО)

Зад нас е викенд кој донесе возбудувања во натпреварите од квалификациите за европското првенство и видовме одлични голови, потези…

Франција на свој терен запиша лесна победа против Албанија со 4:1.

Антоан Гризман не успеа да се запише во листата на стрелци, запиша само асистенција, а ѕвездата на „триколорите“ промаши и пенал во 37-та минута од натпреварот.

Сепак, Гризман изведе еден навистина мајсторски потег кој беше издвоен од официјалната стран на ЕП 2020 година.

Гризман во трк успеа да изведе „no look“ пас со пета за Диње, покрај тоа топката помина низ нозете на албанскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …