Информациите дека Ливерпул му понудил нов договор на дефанзивецот Вирџил ван Дајк не одговараат со вистината, потвдија избори блиски до клубот за англиските медиуми.
Вчера „Мирор“ излезе со информација дека двете страни се блиску до договор и дека Ван Дајк наскоро ќе стави потпис на нов договор според кој ќе заработува 200.000 фунти неделно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, ведникот „Ливерпул Ехо“ категорично ги демантираше таквите тврдења и открива дека и самиот Ван Дајк бил изненаден од ваквите информации.
Ван Дајк има договр со клубот до 2023 година, а во него дури има клаузула за продолжување на додатни 12 месеци.
Холанѓанецот минатата година во јануари стигна на „Енфилд“ за неверојатни 75 милиони фунти од Саутемптон и потпиша договор на пет години.
Токму Ван Дајк е најзаслужен што Ливерпул од тим со слаба одбрана, стана еден од најдобрите тимови во Англија во дефанзивата. Исто така е еден од најзаслужните што Ливерпул минатата сезона триумфира во Лигата на шампионите.