Дома Останати Кошарка Србија продолжува да „гази“ се пред себе на Светското првенство!

Србија продолжува да „гази“ се пред себе на Светското првенство!

Во четвртиот натпревар од почетокот на Светското првенство репрезентацијата на Србија запиша уште една убедлива победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Против Ангола +46, против Филипини +59, Италија+15, а денес Порторико го совладаа со 43 поени разлика (90:47).

Со оваа победа Србија со една нога е веќе во четвртфиналето. Ако Шпанците денес слават против Италија, тогаш Шпанија и Италија би се пласирале во четвртфиналето.

Денешниот натпревар против Порторико наликуваше на натпреварите со Ангола и Филипини. Србија од самиот старт на натпреварот стекна солидна предност. На полувреме веќе имаа 23 поени предност и селкторот Ѓорѓевиќ имаше прилика да одмори некои од поважните играчи.

Во текот на второто полувреме прашање беше само со кој резултат Србија ќе слави. Бјелица со 18 поени и шест скокови беше најефикасен, Марјановиќ додаде 16 поени, Јокиќ оствари дабл-дбл со 14 поени и 10 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Агентот потврди: Јокиќ добива брутално засилување – доаѓа Леброн Џејмс?

По осум сезони Леброн Џејмс е слободен во изборот на нова средина, а по напуштањето на Лос…