Новиот фудбалер на Интер, Алексис Санчез најави дека може да ја пронајде својата најдобра форма во редовите на „нероаѕурите“.
Чилеанецот во претходните година помината во Манчестер Јунајтед имаше големи проблеми и постигна само три гола во Премиер лигата. Сега се врати во Серија А каде што играше за Удинезе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Санчез порача дека Интер може да се бори за трофеи.
„Ја имам истата глад како и кога бев дете, сакам да се борам за сите трофеи. Среќен сум што се вратив во италијанскиот фудбал, но ќе видиме. Сакам да го правам она што е најдобро за мене. Дојдов во Интер за да освојуваме титули. Тимот е без титулата осум години, но оваа сезона има се што е потребно“, изјави Санчез во интервју за „Скај“.