После тешката повреда на Џорџо Киелини кој ќе биде надвор од теренот најмалку шест месеци Јувентус тргна во потрага по негова замена.
Преодниот рок завршува денес и во последен момент Јувентус би можел да го доведе Шкодран Мустафи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германецот во 2016 година пристигна од Валенсија за 41 милион евра, но многу се мачеше во Англија и поради честите грешки беше на мета на навивачите на Арсенал.
Мустафи после четири одиграни кола во Премиер лигата не одиграл ниту една минута и воопшто не беше во конкуренција за настап.
Ќе видиме дали овој трансфер ќе се реализира до затварањето на летниот преоден рок.