Иднината на Марко Верати е глана тема во медиумите веќе подолго време бидејќи се верува дека Италијанецот ова лето ќе го напушти Пари Сент Жермен.
За младиот плејмејкер интерес покажуваат неколку европски гиганти како Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Челзи и италијанските Јувентус и Интер.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Сепак, неговиот агент Донато Ди Кампли тврди дека Верати е среќен во ПСЖ каде има договор до 2021 година и тешко дека може да ја промени средината ова лето.
„Марко Верати останува во ПСЖ. Среќен е во Париз, има договор до 2021 година и дефинитивно ќе остане таму. На крајот на сезоната ќе разговарам со директорите на клубот, но само да се информирам за идните проекти и амбиции на ПСЖ“, изјави агентот.
„Баерн е спремен да испрати понуда, но секој кој се интересира за Верати треба прво да разговара со ПСЖ, а не со мене. Што се однесува до италијанските клубови, тие знаат дека во моментов нема шанси Марко да се врати во Италија“, додаде Де Кампли.