Дома Фудбал Останато Икарди – 41 доказ против Интер, кој ќе седне на клупата за сведоци!?

Икарди – 41 доказ против Интер, кој ќе седне на клупата за сведоци!?

Војната помеѓу Интер и Икарди ќе се пресели од клупските ходници во судовите.

Аргентинецот подготвил тужба, бара да го вратат во екипата, како и за оштета од милион 1.5 милиони евра за мобинг кој го претрпел во изминативе месеци. Тој беше оддалечен од екипата, бидејќи му беше одземена траката, без причина, како што вели Маурито. Тој беше оддалечен и од последните тактички тренинзи пред натпреварот, што е нова мера на притисок. Исфрлен е и на инсистриање на клубот и од комуникација на мрежите меѓу играчите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Икарди ќе подготви припреми, неговите адвокати подготвиле 41 доказ, документи, видео материјали, а и сите играчи ќе бидат повикани на клупата за сведоци. Тој ќе се повика на случаевите со голманите Пуџони од Киево и Албертација во Верона кој биле во слични ситуации и ги добиле случаевите на суд.

Интер ќе се изјасни дека не е крив, Икарди не е исфрлен од екипата, освен на тактичките тренинзи што е право на тренерот кој не смета на играчот. Дали ова е намерно, притисок на Интер да ја спушти цената, или ќе си оди до крај, тоа може само да претпоставуваме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…