Дома Фудбал Останато Солскјер се огласи за враќањето на Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед

Солскјер се огласи за враќањето на Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната пресконференција зборуваше за можното враќање на Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Потсетуавме, ѕвездата на Ла Галакси неодамна изјави дека може да игра во Премиер лигата, иако веќе има речиси 38 години.

„Можам без проблем да играм во Премиер лигата. Ако Јунајтед ме сака, тука сум“, изјави Ибрахимовиќ, а новинарите веднаш го прашаа Солскјер какви се шансите тоа да се случи.

„Да има 28, а не 38 години би било поинаку. Тој тука помина одлично време и се уште му оди добро. Кој знае? Тој го знае мојот број на телефон, ја гледаше мојата куќа и сакаше да ја изнајми. Можеме да зборуваме на ист јазик, ако е сериозен, секогаш ќе зборувам со него. Сепак, тој помина одлично време тука, но не верувам дека е сериозен и дека ќе се врати“, изјави Солскјер.

Ибрахимовиќ помина одлично време во Манчестер Јунајтед и на 33 натпревари постигна 17 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mилан купи српски голман за милион евра кој нема ниту еден сениорски настап!

Младиот голман на ТСЦ, Илија Пантелин (18), ќе ја продолжи својата кариера во Милан, иако …