Легендарниот капитен на римскиот клуб во 2017 година се прости од фудбалот и од тогаш ја извршуваше функцијата технички директор на Рома, но ова лето ја напушти таа позиција.
Тоти сега во едно интервју откри дека избрал своја нова улога за која се уште никој не знае. Покрај тоа тој зборувшае и за ситуацијата во Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одам во Аргентина да се позанимавам со некои работи и таму ќе се сретнам со Де Роси. Бев задоволен што ми беше отворена вратата на работа со Италија додека разговарав со Роберто Манчини и Габриеле Гравино. Меѓутоа во овој момент имам некои други проекти на кои сакам да се фокусирам“.
За шансите на Рома.
„Ова е една поинаква Рома бидејќи гледањето Рома како игра на телевизија ме натера да размислам. Тоа е моја одлука и стојам зад неа, но како навивач се надевам дека клубот може да направи нешто повеќе во последните неколку дена од преодниот рок за да може да конкурира барем за место во Лигата на шампионите“.
„Се надевам дека не сум во право, но кога сте во фудбалот 30 години, имате добро околу. Мислам дека навивачите како мене се надеваат дека ќе видат одлична Рома која може да се врати во Лигата на шампионите. Се уште се држам до тоа дека Јувентус е тимот кој ќе победи и оваа сезона, тие се силни и како екипа и како клуб, меѓутоа оваа година се одлично се засилија Интер и Наполи и можеби ќе гледаме поинаква сезона. Првите три места според се веќе решени, после тоа може да се случи било што. За жал Рома може да се надевам само четвртото место. Наполи и Интер можат да го загрозат Јуве до крајот, но сите знаеме дека Јуве кога ќе биде потребно тогаш ќе нагази на педалата за гас“, изјави Тоти.