Дома Трансфер зона „Отпишаниот“ од Арсенал пред трансфер во Инстанбул

„Отпишаниот“ од Арсенал пред трансфер во Инстанбул

Турскиот клуб е заинтересиран во своите редови да го види играчот за врска на „топџиите“.

Како што пренесуваат медиумите во Турција и Англија, Галатасарај сака во своите редови да го доведе Мохамед Елнени.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


До крајот на преодниот рок остана уште околу една недела, а турскиот шампион сака засилувања.

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери му соопшти на Египќанецот дека може да замине, поранешниот играч на Базел не успеа да запише ниту една минута во новата сезона и јасно дека разделбата на двете страни е неминовна.

Уште неколку клубови од Турција покажаа интер, меѓутоа само Галатасарај испратила понуда.

Проблем може да настане поради тоа што во Галатасарај му нудат двојно помала плата отколку што има во Северен Лондон, па ќе мораат да ја подобрат понудата ако сакаат да го видат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…