Ракометарките на Вардар во четвртиот обид успеаја да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите, откако во Будимпешта го совладаа тимот на Букурешт со 38:33.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Противник на вардарки во недела ќе бидат ракометарките на Ѓер, кои во полуфиналето ја совладаа екипата на Будуќност.
Ракометарките на Вардар имаа контрола врз резултатот уште од почетокот на мечот, а разликата направена во првото полувреме, 21:13, рутински ја одржува и во вториот дел.
Пенезиќ и Радичевиќ со по 7 гола ја предводеа листата во македонскиот тим, а кај Романките најдобра беше Ниомбла со 8 голови.