Дома Фудбал Останато Добива ли ПСЖ сериозен конкурент во Франција? Минатата сезона им го земаа купот, а оваа веќе ги победија

Добива ли ПСЖ сериозен конкурент во Франција? Минатата сезона им го земаа купот, а оваа веќе ги победија

Фантастичниот старт на Рен во новата сезона можеби најавува дека можат да бидат хит оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рен минатата сезона го победи ПСЖ и го освои францускиот клуб, а сега имаа три од три во новата сезона и тоа не против послаби клубови.

Минатата сезона завршија како 10-то пласирани во Лига 1 и вниманието на себе го свртија со освојувањето на купот кога после пенали го совладаа ПСЖ.

На самиот почеток на сезоната ги чекаше тежок старт, две тешки гостувања и натпревар дома против ПСЖ, но Рен покажа сила. Прво го совладаа Монпеље на гости со 0:1, за потоа на свој терен да слават нова победа против ПСЖ од 2:1.

Дека не се работи за случајнот покажаа и во последното коло кога екипата на тренерот Жулиен Стефано славеше на гостувањето во Стразбур. Рен одигра одлично и во овој натпревар триумфираше со 0:2.

Треба да се спомене дека тие се единствениот тим со максимален учинок во француското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…