Невобичаена ситуација во Италија – Сасуоло го има најголемиот спонзорски договор!
Ниту Милан, ниту Интер, Лацио, Рома или Јувентус кој доминира долги години немаат спонзорски договор како еден Сасуоло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, италијанските медиуми објавија дека од спонзорот на дресовите најмногу заработува Сасуоло. Сасуоло не важи за италијански гигант, но има договор од 18 милиони евра по сезона.
На своите дресови овој клуб ја рекламира компанијата „Мапеи“ која се занимава со производство на градежни материјали. Ако се прашувате зошто Сасуоло има најголем спонзорски договор, тоа е така затоа што сопственикот на оваа компанија е и соптвеник на клубот.
После Сасуоло со еден милион помалку следува Јувентус кој од „Џип“ добива 17 милиони евра, Милан и „Емирејтс“ (14 милиони), Рома со „Катар“ и „Хјундаи“ (14 милиони), Интер и „Пирели“ (10.5 милиони)…
Gazzetta dello Sport breaking down the kit sponsorship value for each team this season. The total amount of kit sponsorship money being spent this season in Serie A is around €116M. pic.twitter.com/MRfbsjiLuI
— Raffaele (@ItalianoCalcio) August 22, 2019