Дома Топ вести Барса сака да го земе Нејмар сега, а да го плати после две години!

Барса сака да го земе Нејмар сега, а да го плати после две години!

Раководството на Барселона продолжува да работи на трансферот на Нејмар и бара начини како да го донесе Бразилецот на „Камп Ноу“ ова лето.

Според „Мундо Депортово“, весник кој е добро информиран за случувањата во каталонскиот клуб, Барса сака да го донесе Нејмар на позајмица и тоа со две опции. Едногодишна позајмица со право на откуп во 2020 година, или двегодишна позајмица со задолжителен откуп во 2021 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На тој начин Барселона ќе успее да биде во рамките на Финансискиот фер-плеј, со оглед на фактот дека ова лето веќе потроши значителна сума за трансфери.

Пари Сент Жермен се спремни да го пуштат Нејмар на позајмица, но бараат задолжителен откуп и фиксирана цена од 200 милиони евра.

Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат и се очекува во наредните денови двете страни да постигнат конечен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…