Дома Топ вести Бомба: Роналдо најави крај на кариерата!

Бомба: Роналдо најави крај на кариерата!

Кристијано Роналдо во разговор за португалската телевизија ТВИ зборуваше за својата иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо веќе повеќе од деценија е еден од најдобрите играчи на светот, благодарение на своето фудбалско знаење, но и одличната физичка подготвеност.

Повеќекратниот освојувач на Златната топка има 34 години, меѓутоа по формата и начинот на кои игра остава впечаток дека е многу помлад.

Во разговор за телевизијата ТВИ изјави дека можно е следното лето да ја заврши кариерата, но исто така би можел да игра уште најмалку шест години.

„Би можел кариерата да ја завршам следната година, но можам да играм и до свои 40. или 41. година. Не знам, секогаш кажувам дека треба да се ужива во секој момент.“ – изјави Роналдо и додаде:

„Сегашниот е одличен и треба да уживам во него. Мислам дека ниту еден играч нема толку рекорди како мене, веќе сум во фудбалската историја.“

Договорот на Роналдо со Јувентус истекува во 2022. година. Пред тоа настапуваше за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Џака бил бесен на соиграчите: Ако играме вака, ќе се вратиме дома по три натпревари!

Катар своето прво учество на светските првенства го осигура како домаќин, но нивниот дебит…