Милан конечно сака да ја тргне прашината од своето име и ова лето да донесе големи засилувања на „Сан Сиро“, а медиумите тврдат дека новите сопственици веќе одредиле буџет од 150 милиони евра.
Во последно време многу имиња се поврзуваат со трансфер во миланскиот гигант, а последните информации говорат дека „росонерите“ се силно заинтересирани за младата ѕвезда на Ајакс.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Станува збор за 19-годишниот напаѓач, Каспер Долберг кој оваа сезона со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Данецот е најдобар поединец кај Ајакс и оваа сезона веќе постигна 20 гола, а медиумите веднаш му го дадоа епитетот „новиот Ибрахимовиќ“.
Цената на Долберг во моментов изнесува околу 25 милиони евра, што за новите сопственици на Милан нема да биде проблем да ја платат и да го донесат на „Сан Сиро“.