Промашениот пенал против Вулвс Пол Погба долго ќе го памети.
Манчестер Јунајтед можеше да победи на вчерашното гостување против Вулверхемптон, но Пол Погба не реализираше пенал кој после натпреварот се покажа дека веројатно бил требало да го изведе Маркус Рашфорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После губењето на бодови навивачите на Манчестер Јунајтед испраќаа навреди на сметка на Погба на расна основа. Таквите навреди стигнаа до сите во клубот, а дел од играчите реагираа и застанаа зад својот соиграч.
Набрзо после навредите се огласи „оштетениот“ Рашфорд, а потоа него му се придружи и Мегваер.
Мегваер дури го повика Твитер да воведе правило за регистрација со лични документи (пасошо, возачка дозвола…) при правењето на профилите со цел лесно да се пронајдат оние кои имаат намера да навредуваат.
Disgusting. Social media need to do something about it… Every account that is opened should be verified by a passport/driving licence. Stop these pathetic trolls making numerous accounts to abuse people. @Twitter @instagram https://t.co/bzow073aTw
— Harry Maguire (@HarryMaguire93) August 20, 2019