Дома Фудбал Германија Награда за добрите игри: Санчо доби двојно повисока плата!

Награда за добрите игри: Санчо доби двојно повисока плата!

Раководството на Борусија Дортмунд е спремно да го „награди“ Џејдон Санчо со нов договор и двојно зголемување на платата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Билд“ 19-годишниот талент со новиот договор годишно ќе добива 6 милиони евра по сезона. Меѓутоа, зголемувањето на платата нема да биде поврзано со продолжување на договорот, кој истекува во 2022 година.

Раководството на Борусија ќе се обиде да го убеди Санчо да потпише нов договор пред почетокот на Европското првенство следната година. Сега клубот само му ја зголеми платата бидејќи се задоволни од неговите настапи.

Интересот за Санчо е огромен, ова лето играчот беше на мета на клубовите од Манчестер и Баерн Минхен, но „милионерите“ успеаа да го задржат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…